Времето денеска ќе биде претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремен слаб дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 10 степени.
За утре и за четврток УХМР прогнозира преодно стабилизирање на времето, а ноќта кон петок и за време на викендот ќе има пообилни врнежи од дожд под влијание на влажен бран. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.