Обилните дождови ја заматија струшката вода, издадена препорака да не се пие

Од:

Водата од градскиот водовод во Струга е заматена на две мерни места поради врнежите од дожд и не се препорачува за пиење. Центарот за јавно здравје од Охрид извршил контрола на терен, и, како што информира директорот Сашо Точков, констатирано било дека заматеноста на водата е над границите на дозволеното.

– Првично е констатирано дека заматеноста на водата е зголемена над границите на дозволеното на мерните места СОУ „Нико Нестор“ и детска градинка „Сонце“. Известена е инспекцијата и водата не се препорачува за пиење, изјави Точков.

Центарот за јавно здравје работи на анализи за бактериолошката исправност на водата во Струга.

Заматена вода за пиење, според соопштението на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ имаат и жителите на селото Мороишта. Оттаму најавуваат дека ќе прават рестрикции од 22 часот до 5 наутро поради немање доволно вода во изворите, до подобрување на состојбата.

Стружани пак, револтирани поради честите рестрикции за вода или слабиот притисок најавуваат протест за в сабота пред просториите на „Проаква“.

Би можело да ве интересира

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски