Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Од:

Шест недели по труењето на цел еден град, со над 5.000 луѓе кои завршија по болници и се уште нема документ за водата во Гостивар. Зошто граѓаните не можат да видат резултати, анализи, извештај? Ако нема што да се крие зошто не се објавува? Министерот за здравство Сашко Клековски најави дека на 20 август ќе биде објавен епидемиолошки извештај. Каде е целосниот извештај? Зошто се објавуваат само парчиња од документацијата, а не целата анализа? Во текот на кризата граѓаните добиваа различни и противречни информации, велат од СДСМ.

– Прво водата беше прогласена небезбедна за пиење. Потоа беше прогласена дека може да се корсти само за техничка употреба. Тошковски спроведуваше хиперхлорирање. Потоа кажаа дека има бактерии во водата. Тотален хаос. Па Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија. Пред да им заврши екскурзијата функционери пиеја вода пред камери со срамни здравици и рекоа дека може да се пие водата.

Но, не се објавија целосните резултати од анализите на водата. Каде е целосниот извештај за водата во Гостивар? Кој донел одлука водата повторно да биде пуштена за пиење и врз основа на кои резултати? Кој со име, презиме и потпис гарантира дека водата е безбедна? Дали на овој начин некој сака да побегне од одговорноста? Мицкоски и Клековски имаат обврска кон граѓаните на Гостивар да ја објават целата вистина. Целиот извештај, сите анализи и сите потписи, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он