НСДП: Целосна и безрезервна поддршка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев

Од:

„Власта која на 24. декември 2012-та година на „црниот понеделник“ направи класичен пуч во македонскиот Парламент, исфрлајќи ги пратениците и новинарите, само по 2 години, на 31.01.2015 година алармантно прогласи општа тревога, информирајќи ја јавноста дека лидерот на опозицијата се обидува да направи пуч, барајќи техничка влада за организирање на сите наредни парламентарни избори.

Медиумските подбуцнувачи на уплашената власт со сите свои расположиви средства ги застрашуваат граѓаните дека опозицијата во спрега со странски разузнавачки служби подготвува преврат. Како вистински поданици на власта сеат страв на сите страни. Со највулгарна  пропаганда за перење на мозоци се обидуваат да прикажат дека државата е во голема опасност поради спрега на домашни и надворешни непријатели.

Секое барање за фер избори, попис, обелоденување на организиран криминал на високи функционери во власта, протести на студентите и професорите, штрајк на учителите и наставниците, на хонорарците, секоја критика на владините политики, од Премиерот и партијата на власт се доживуваат како обид за државен удар, заговор на предавници, шпиони и странски платеници.

Оттаму, обврска е на секој граѓанин на Република Македонија јавно да ги соопшти неговите сознанија за сите незаконски дејствија на претставниците на власта кои се штетни и опасни по стабилноста на државата.

Затоа сметаме дека е крајно време власта да се соочи со вистината за нејзините штетни политики. Најдобра можност за тоа е обелоденување на сите сторени криминали, сета корупција и сите злоупотреби на власта.

НСДП дава целосна и безрезервна поддршка  на председателот на СДСМ, Зоран Заев, во обелоденување на вистината и на битката за враќање на демократијата, слободата и демократските вредности во Република Македонија“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение