Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Триста“ на СЈО, во кој е обвинет Ѓоко Поповски поранешен помошник-министер во МВР за набавка на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.
На претходното рочиште беа сослушувани сведоците предложени од Обвинителството.
Според обвинителниот акт, Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за сума од 453.570 евра.
Специјалното јавно обвинителство тврди дека Поповски тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.