Новиот закон за безбедност на мрежи и информациски системи објавен на ЕНЕР

Од:

Ефикасно справување со предизвиците на безбедноста на мрежите и информациските системи во државава во смисла на заеднички минимални капацитети за градење и планирање, размена на информации, соработка и заеднички безбедносни барања од областа на ИКТ. Тоа е целта на Предлог закон за безбедност на мрежи и информациски системи што е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи, каде што е достапен на коментари и забелешки. Во наредниот период ќе биде претставен и на јавна расправа пред сите засегнати страни.

– Мрежата и информациските системи, а пред сè интернетот, играат суштинска улога во олеснување на прекуграничното движење на стоки, услуги и луѓе. Поради таа транснационална природа, значителни нарушувања на овие системи, без разлика дали се намерни или ненамерни и без оглед каде се случуваат, може да влијаат и врз Република Северна Македонија. Затоа, безбедноста на мрежните и информациските системи е од суштинско значење за непречено функционирање на внатрешниот пазар. Имајќи предвид дека во Република Северна Македонија отсуствува правна регулатива во оваа област, се наметна потребата за изготвување на овој закон, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Со законот, потенцираат, дополнително се транспонира Директивата (ЕУ) 2016/1148 на Европскиот парламент и на Советот од 6 јули 2016 годиназа мерки за висок општ степен на безбедност на мрежа и информациски системи низ Унијата, односно НИС Директивата.

Транспонирањето на НИС директивата, односно Законот за безбедност на мрежи и информациски системи произлегува од веќе усвоената Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија (2018-2022). Работната група задолжена за спроведување на активностите од стратешките документи за сајбер безбедност е вклучена во процесот на подготовката на Предлог законот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он