Новиот центар во Кавадарци без вода за пиење до 13 часот поради дефект

Од:

Новиот центар на Кавадарци ќе остане без вода за пиење до 13 часот, поради дефект на водоводната мрежа во тој дел на градот, информира Пандорка Димитриева, референт за односи со јавноста при Јавното преторијатие “Комуналец”.

– Дефектот е на улицата “Моша Пијаде”. Покрај корисниците на вида за пиење од оваа улица, вода ќе немаат и жителите од улиците “Илинденска” и “Кочо Рацин”, делот на новиот центар. Ги молиме граѓаните за разбирање, нагласува Димитриева.

Екипи на претпријатието се на терен и активно работат на отстранување на дефектот.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење