ЗНМ и ССНМ ги осудија нападите врз новинарите на денешниот протест кај Бит-пазар

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро ги осудува нападите врз новинарите и медиумските работници кои се случија денеска за време на протестите против пресудите за случајот „Монструм“.

Во текот на протестите од страна на демонстрантите физички била нападната новинарска екипа на новинската агенција МИА, при што имало и обиди за одземање на опремата за снимање. За среќа нападнатите медиумски работници се извлекле без посериозни повреди.

Во вториот случај, новинар на дневниот весник Слободен печат бил спречен да ги извршува своите задачи од страна на полициски службеници во цивилна облека кои го извлекле на страна, му ја свиткале раката, безобразно и дрско се однесувале кон него и не го пуштиле додека не го избрише снимениот материјал, со изговор дека ги снимал полицајците во лице.

ССНМ смета дека ваквото однесување на полициски службеници е недозволиво и бара остра и ефективна реакција во изнаоѓање и казнување на полицските службеници кои го оневозможиле новинарот на Слободен печат да си ја извршува својата работна задача.

Истовремено, бараме од надлежните државни органи да ги пронајдат и казнат насилниците во врска со нападот врз екипата на МИА.

ССНМ силно протестира против ваквите инциденти, бидејќи напад врз новинарите и медиумските работници е напад и врз слободата на изразување и правото на информирање на граѓаните.

И Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува денешниот напад врз екипа на Медиумската информативна агенција (МИА) која професионално известуваше за протестот поврзан за случајот „Монструм”.

-Според кажувањата на колегите од МИА, имало обид да им се одземе опремата и турканици, при што снимателот бил турнат, а неговата опрема оштетена. Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволив во демократски земји, наведува ЗНМ.

ЗНМ уште еднаш предупредува дека неказнивоста на нападите и медиумските работници може да поттикне посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување, како и правото на информирање на граѓаните. Затоа е важно, дополнува ЗНМ; што поскоро да се измени Кривичниот закон во насока на системска заштита на новинари и медиумските работници.

Би можело да ве интересира

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени