Новинарка го пријави Миленко Неделковски за сексуално вознемирување

Од:

Новинарката Мери Јордановска го пријави во полиција водителот Миленко Неделковски откако вчера на фејсбук страната со неговото име,  по којзнае кој пат е објавена нејзина фотографија со коментари со вулгарна содржина.

Јордановска го пријави Неделковски за сексуално вознемирување, а од МВР информирале дека ќе го повикаат водителот за да го предупредат.

Ова е истата страна каде што Неделковски после коментарите со омраза за една етничка заедница и бурната реакција од другата страна, се јави подоцна  и напиша дека е Африм, а не Неделковски. Но и покрај најавата дека ќе биде предупреден,  вечерва на страната со името на Миленко Неделковски повторно тема е Јордановска.

Секој ден  на страната на Миленко Неделковски се навредуваат сите кои се замериле со него, а најчесто новинари. Ова видео е јавувањето на Мери Јордановска пред две години кога Миленко Неделковски беше избркан со извици од насобраните граѓани во Кавадарци.

Водителот Неделковски најчесто коментира кој не се појавил на неговите тужби во судот, а истиот тој со години не се појавува на рочиштата на кои го тужат десетина новинари во одделни случаи за клевета и навреда и за изречените лаги во емисијата која сеуште се емитува на фреквенцијата на Канал5.

Во август годинава, беше донесена првата пресуда во земјава за навреда на Фејсбук. Иако казната беше условна и минимална од сто евра, поважна беше пораката дека не смееат да се објавуваат навредливи и заканувачки пораки. Велешкиот суд го казни членот на организацискиот одбор на „Рациновите средби“, кој незадоволен од новинарски текст го нападнал и навредувал авторот на друштвената мрежа.

Би можело да ве интересира

Хелсиншкиот комитет бара санкции за говорот на омраза во емисијата на Миленко Неделковски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Миленко Неделковски: Ме гледале 10.000 луѓе, а Груевски само 3.000

Ана Ололовска

Бугаринот Динко Вaлев не успеа да дојде до Миленко, го уапсија на граница

Емир Латифовиќ

Агенцијата за медиуми утврди дека Канал 5 шири говор на омраза и дискриминација кон ЛГБТИ луѓето

Ана Ололовска

ОБСЕ: Миленко Неделковски ја надмина црвената линија во говорот на омразата

Емир Латифовиќ

Жарко Трајановски казнет од Судот зашто го нарекол Миленко „шарлатан“

Емир Латифовиќ