Жарко Трајановски казнет од Судот зашто го нарекол Миленко „шарлатан“

Од:

Жарко Трајановски активист и борец за човекови права, треба да му плати на водителот на Канал 5, Миленко Неделковски, дваесет илјади денари казна.

Трајановски во изјава за телевизија А1, во 2010 година го нарекол „медиумски шарлатан“.

Пресудата била донесена на 29 декември лани, а Трајановски ја примил денеска.

– Не го признавам овој суд, ама сепак, ќе ја продолжам правната битка. Не затоа што сум мазохист, туку затоа што е забавно да се гледа како судиите си ја газат сопствената чест и углед. Каков углед може да има личност што и денес, како во 2010-та, јавно се заканува со ликвидација на непријатели? „Медиумски шарлатан“ е комплимент за таква личност, а не навреда, изјави Трајановски за „Слободен печат“.

Во образложението, Основниот суд Скопје 2 вели дека го казнува Трајановски со 20.000 денари и уште 52.170 денари судски трошоци, затоа што„… тужителот го нарекол шарлатан, што, всушност, значи нечесен човек односно измамник…“.

Изјавата за која беше обвинет Трајановски, беше дадена како реакција на јавните повици на Неделковки за ликвидација на новинарите неистомисленици, на што официјално со осуда реагираше и Здружението на новинарите на Македонија. Во изјавата за А1, Трајановски објаснил дека го нарекува Неделковски „шарлатан“ затоа што „тој е експерт за НЛО, пирамиди и владини политики“.

Неделковски ја објави својата тужба против Трајановски и во неа бараше „надоместок на нематеријална и материјална штета“ во износ од 3.100.000.00 денари (околу 50.000 евра), поттикнат од тоа дека „еден колега колумнист беше осуден да плати над 30.000 евра за клевета на премиерот“.

Би можело да ве интересира

Хелсиншкиот комитет бара санкции за говорот на омраза во емисијата на Миленко Неделковски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Миленко Неделковски: Ме гледале 10.000 луѓе, а Груевски само 3.000

Ана Ололовска

Бугаринот Динко Вaлев не успеа да дојде до Миленко, го уапсија на граница

Емир Латифовиќ

Агенцијата за медиуми утврди дека Канал 5 шири говор на омраза и дискриминација кон ЛГБТИ луѓето

Ана Ололовска

ОБСЕ: Миленко Неделковски ја надмина црвената линија во говорот на омразата

Емир Латифовиќ

ФОТО: Што содржат кривичните против Јанко и Миленко

А1он

Leave a Comment

5 + 14 =