Градот Скопје склучи 23 договори за изработка на проекти за реконструкција на надворешниот изглед на постоечките објекти подигнати во текот на втората половина од 20-от век на улиците „Македонија“, „Никола Вапцаров“ и „Димитрија Чуповски“, известува порталот Брид. За реконструкцијата се издвоени скоро 260 илјади евра.
Договорите се потпишани со „Проинг Љубе“ од Битола и „Архитектоника“ од Скопје, а идејните архитектонски решенија ги изработија Звонко Ставревски и Жарко Чаушевски. Избраните фирми треба да ја завршат проектната документација во првата половина од 2013та година.
Градската власт за промена на надворешниот изглед на објектите во строгиот центар на метрополата во стилот на проектот „Скопје 2014“, во текот на 2013 година ќе потроши финансиски средства во висина од 115 милиони денари.