• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Нова средба меѓу власта и опозицијата за законот за ЈО

by А1он01/08/2019 - 13:09255
Share0

Работните групи на власта и на опозицијата денеска ги продолжија разговорите за законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на СЈО. На средбата која се одржува во Министерството за правда присуствуваат министерката за правда Рената Дескоска, советникот на премиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

На последната средба одржана во понеделникот во Владата беше постигнато одредено приближување на ставовите за две прашања – за зголемувањето на буџетот на обвинителството и изнаоѓањето модуси за поголема одговорност на вработените и обвинителите.

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски по средбата изјави дека со опозицијата биле отворени темите за финансирање на обвинителството воопшто и темата за одговорноста на обвинителите. И претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Милошоски изрази задоволство бидејќи, како што рече, средбата била конструктивна и се договориле околу финансирањето на обвинителството и за поголема одговорност на обвинителите.

За Предлог – законот за Јавно обвинителство што го предложи Владата, претседателот на Собранието Талат Џафери закажа седница на 27 август. Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка.

josjo

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов10/02/2022 - 11:5910/02/2022 - 16:53

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска20/07/2021 - 11:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен