Нова снимка за Мицкоски: Се борам да ваквото СЈО не помине, автоматски неговиот најголем предмет, тој ‘Империја’

Од:

Нови разговори од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска, повторно објавен на „Јутуб“ каналот именуван како „Рекет“. Во него се слуша како Мицкоски се жали од Мијалков и му тврди на Милески-Кичеец дека се бори за законот со кој се регулира статусот на СЈО не помине, а со тоа да прекине и предметот „Империја“ каде освен Мијалков, осомничен е и Орце Камчев.

„Не бе ова, повеќе зборувам за Сашовци-машовци. Сега он пишуваше писма, фејсбуци, ме плукаше… правеше театар за јавноста претходни две недели, испрдоци од типот на Геровски и слични, Сашо Ордановски, и сега јас се борам да ваквото СЈО не помине, автоматски неговиот најголем предмет, тој ‘Империја’“, се слуша како вели Мицкоски.

Во бомбата именувана како „Рекет-6“ се слуша како Мицкоски му се жали на Милески-Кичеец и вели дека тој е единствен што се бори, а истовремено, го тепаат и се вљубуваат во Заев бидејќи, според него, тој е добриот.

„Првично ние имаме многу принципиелни позиции, многу цврсти аргументи. И единствен кој што се бори за сите случаи сум јас“, вели Мицкоски, по што се надоврзува Милески-Кичеец и вели: „Реално во вас се сите џокери“, по што Мицкоски продолжува: „Да ама, знаеш, ова помалце делува мазохистички. Ем ме тепаат, ем имаат очекувања од мене. Од друга страна, ваму има Стокхолмски синдром, се вљуби жртвата во киднаперот. Се вљубија во Зоран Заев, сега тој е добриот. А он сака вака да помине за да ги уценува и понатаму и …. А јас што се борам за нив, против нив, мене ме тепаат“, а на ова се надоврзува Слободанка Алексовска која вели: „Додека не сфатат како некои“, по што Мицкоски продолжува: „Не не ми … едноставно. После 21 април се ќе биде пониаку. Се ќе биде…“

Инаку, на 21 април 2019 година се одржа првиот круг од претседателските избори.

Делови од разговрите меѓу Мицкоски, Кичеец, Алексовска постојано се објавуваат на „Јутуб“. Претходно, во нив се слушаше објаснување од Мицкоски дека Мијалков дал 10.000 евра за да се палтат автобусите ангажирани за митингот пред Влада што  се одржа на втори јуни 2018 година. Во друг разговор, се слуша како Мицкоски зборува дека добил помош од Орце Камчев, со тоа што му ги плати долговите кои ги оставил неговиот претходник Никола Груевски и претходното раководство на партијата.

Би можело да ве интересира

Поради здравствени причини, Мицкоски изостанува од македонско-српскиот бизнис форум

Горан Наумовски

Мицкоски за „Сејф сити“: Поддржувам да се прошири низ целата држава

Син ми Антонио беше жртва на труењето во „Димо Хаџи Димов, три дена примаше инфузија, не одеше во училиште, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Мицкоски тврди дека немало напад врз новинарот и публицист Владимир Перев

Горан Наумовски

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, 3.296 се од млади лица под 29 години, што посебно радува