Нова снимка: Мицкоски против закон со кој „Империја“ ќе продолжи, а Камчев му помогнал за долговите од Груевски

Од:

Ново продолжение од снимениот разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска која е ексвработена во болницата „Систина“ е објавено на „Јутуб“. Во него, се слуша како Мицкоски зборува дека добил помош од Орце Камчев, со тоа што му ги плати долговите кои ги оставил неговиот претходник Никола Груевски и претходното раководство на партијата.

„Ние Зоки се договараме извесен период да се видиме. Не успеавме да се видиме… избориве почнаа. Па ја откажав, па он нешто погреби-могреби таму имаше, па пак јас откажав и така се некако и не можеме да се видиме, вака, објективно да ти кажам. Лично сакам да го видам, затоа што ми помогнал. Кога требало ми помогнал. Тоа што беше долгот кај сестра му од претходнициве мои, знаеш беше присутен на тој разговор кога рече ‘Не треба ништо’. Сега мене, јас пред година и пол кога влегов во паријана немав струја, исклучена кабелска“, а Слободанка Алексовска се надоврзува: „Кога беше најтешко“, по што Мицкоски продолжува: „Парно пред исклучување, немав вода. И такви како него беа неколкумина што мене ми подадоа рака. Мене тоа многу ми значи“

Во разговорот се слуша како Мицкоски вели дека тој е единствениот што се бори против новиот Закон за јавно обвинителство, а со кој процесот за „Империја“ би продолжил.

На ова, Зоран Милески-Кичеец вели: „Апсолутно, знам како е. Заедно сме биле, тоа сме го направиле јас и он муабет, нема тука што“, по што Мицкоски додава: „А он беше, јас на нејзе и реков, не знам дали јас нешто можам да помогнам, да не одмогнам“, а Алексовска вели: „Да, неколку пати кажа што е за право, многу пати кажа. Зборев и со Зоки тогаш, толку беше заплеткано се и мене нели, јас одвај те наоѓав, никој не можеше да помогне. Јас му кажав“, по што Мицкоски продолжува: „Таму не е решена работата да знаете. Затоа што овој закон е закон што ќе помине како што ќе помине, како што мислат да помине, за јавно обвинителство тој предмет не е завршен. Напротив. Да знаете. Единствен кој што се бори во моментов сум јас“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не очекувам власта да престане со црната кампања

Мицкоски: Нудиме остварливи мерки во економијата

СДСМ: Мицкоски уште еднаш потврди дека со него и со ДПМНЕ нема членство во ЕУ

Мицкоски: Ова не се избори за избор помеѓу Европа и изолација

Мицкоски: Општина Аеродром стана првата смарт општина во Македонија

Мицкоски со став: Кандидатурите на Јакимовски и Ванковска се со улога да го ослабат потенцијалот на Силјановска Давкова

А1он