Нова снимка: Милошоски договара да се преврти камион со песок, за да се блокираат гласачите Албанци на аеродром

Од:

Продолжува објавувањето на разговори на јутуб каналот „Обнова на режимот“, каде се прикачуваат снимки од повеќе актуелни, но и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Во новата снимка именувана како „Антонио во ново кривично дело сообраќајка“ се слуша разговор меѓу кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска кои договараат да се преврти камион со песок во близина на Кичево, за да ги задржат патниците кои следуваат од странство на охридскиот аеродром до седум часот. Милошоски се согласува со идејата и дополнително предложува доколку е можно патниците да се задржат и од страна на цариснките службеници со цел да помине повеќе време.

„Ало Тони, можеш да збориш?“, прашува Јанкулоска на што Милошоски одговара: „Да, да можам, можам“. Јанкулоска продолжува: Слушај, првиов авион се повеќето спрема Струга, но независно, не знаеме што има во вториот. Значи му реков и на Миле, мислам дека ќе контактира он со Илија, најарно е некој камион да се преврти со песок и да се блокира патот“, а Милошоски вели: „Може тоа, ама тие ќе дојдат до камионот и после со коли ќе ги преземат од таму“, тука повторно зборува Јанкулоска која вели: Ако, ние ги држиме колку што може“, на што Милошоски враќа: „Да, да, да“. Понатаму, Јанкулоска објаснува: „….држиш од 4 до 7, они кога ќе ги фаќа и нервоза таму, … на аеродром е нивни….Рачно прегледуваат ама овој на секој полицаец му виси над глава, занеш..Дополнителен притисок“, а Милошоски на ова враќа: „Да, да, да. Царинава може нешто да  направи?“. Јанкулоска вели: „Не знам јас царината колку.. Ние ги замоливме вака, колегијално и они да направат. Нашиот дел, го исклучивме системот, рачно.. Ама не можеш до безсвест. Сто луѓе, имаш 10 полицајци таму. Еден ќе стане ќе оди во ВЦ, сите тие работи, ама пак е ограничено, значи, ние да ги држиме до .., а од 5 до 5:30 Царинава да ги проматка… ова, она.. Оти првиот авион се стружани, стружани колку и да ги држиш ќе стасаат. Пешки да тргнат ќе стасаат. Еве за вториот авион зборам“, а Милошоски одговара: „Да, да, да“. Јанкулоска продолжува: „Ние малку, малку сообраќајката, малку нешто друго ќе се..“, а Милошоски и вели: „Од се по малку, да“, што Јанкулоска додава: „Од се по малку, оти ќе имаме политички проблем… И тоа да е ова негде поблиску до Кичево, оти нив колите од Кичево им се пратени и паркирани се пред Аеродром“, а Милошоски и вели: „Негде кај што е на некое потесно грло“. Јанкулоска повторно: „Кај што е потесно и кај што е понезгодно за …“, по што Милошоски вели: „Кај што нема за обиколница“. Јанкулоска потоа продолжува: „Вие си го знаете патот, видете некој од градежнициве нека ви излезе во пресрет. Една приколица песок нека ја изврти таму, камионот штета нема да има, само ќе го изблокира патот, ајт со здравје“, а Милошоски и вели: „Добро“.

За оваа сообраќајка, претходно зборуваа и носителот во изборна единица четири, Александар Николоски и ексминистерот за транспорт, Миле Јанакиески, каде се споменуваше и дека е зборувано со Гордана Јанкулоска а зборуваа за гласачи Албанци.

Ваков разговор беше презентиран и во предметот „Титаник“ за изборни измами. На рочиштето пред две години, се слушаа предлозите од Јанакиески и Јанкулоска, меѓу кои и на денот на изборите, 24 март 2013, некој од членовите да преврти трактор на патот или пак да се истури песок од камион за тотално блокирање на патот.

Претходно, беа објавени три нови разговори меѓу носителот на пратеничка листа од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески именувани како „Да ги е** лифтовите“, „Да се јавиш да пријават дефекти нашите да нема струја“, „Не не сакаат“.

Снимени разговори меѓу Јанушев и Јанакиески беа објавувани и изминативе денови. Вчера беа објавени пет снимки во кои се зборуваа за организирање на чартер летови, за како што се слуша, „за нашите“, начинот на нивно плаќање, а во посебен фајл и за уништување на документи. Претходно, беа објавени нови два разговори именувани како „Јанушев ќе ги убијам“ и „Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком“. Во посебно објавени разговори, Јанушев и Јанакиески зборуваат и за „списоци бележени како МИОА“.

И натаму не се знае потеклото на овие снимки и кој ги објавува на мрежата „Јутуб“ на повеќе новокреирани канали. СДСМ веќе поднесе кривична пријава до Обвинителството за сите објавени „бомби“ за нив, но и за ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на кампањата до сега.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ