На „Фејсбук“ профилот на Ел Чека синоќа беше објавена нова аудио бомба, во која, се тврди дека се гласовите на Фекри Ахмети, братот на Али Ахмети, и на ексвицепремиерот од ДУИ, Муса Џафери.
Според објавениот телефонски разговор, Фекри Ахмети му се јавува на Муса Џафери, а двајцата разговараат за тендер кој се однесува на ТЕЦ Осломеј. Во разговорот се споменува и ексградоначалникот на градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари и името на експремиерот, Никола Груевски.
Кичевското обвинителство неодамна поднесе обвинение против Ел Чека, кој подолго време во јавноста објавува прислушувани телефонски разговори. Во разговорите се слушаат високи функционери на ДУИ, кои Ел Чека ги обвинува за криминал. Обвинителството го товари Ел Чека за кривично дело неовластено прислушување и тонско снимање.
Шеќерим Ахмеди, кој стои името на Ел Чека, живее во Чикаго, а е по потекло од кичевското село Туин. За бомбите кои ги објавува преку социјалната мрежа „Фејсбук“, тврди дека ги добил од припадници на групата осудени во случајот „Диво насеље“. На „Фејсбук“ постојано никнуваат нови профили со негово име и слика, откако старите се затвораат.
Ахмеди се соочува со казна затвор од една до пет години. Во една од своите објави посочува дека не се плаши од екстрадиција.