Ел Чека му возврати на Заев: Ти пропадна планот за рекетирање

Од:

Шеќерим Ахмеди , познат во јавноста како Ел Чека возврати на обвинувањата на премиерот Зоран Заев дека кога-тогаш ќе одговара за објавувањето на прислушуваните материјали на „Фејсбук“.

dobivaj vesti na viber

„Зоран Заев знам дека те боли што пропадна организираниот криминал што го имаше во СЈО, ти пропадна планот за рекетирање и уценувања. Јас сум ги прекршил законите? Ако е така, да ви ги е***  законите на таа ваша држава која ослободува криминалци секој ден, а држи Албанци по затвори“, напиша Ел Чека.

Ел Чека му порача на Заев и да престане да вели дека прислушувањето го правела претходната власт и дека прислушувањето го правел некој друг, а не криминалците на Груевски и Мијалков, како и да престане да се претставува како жртва.

Претходно Заев на прес-конференција му се закани на Ел Чека дека ќе одговара за објавените разговори и го повика ако има материјали и за него, да објави како што тоа го прави за лидерот на ДУИ Али Ахмети и други функционери од партијата. Заев кажа и дека е згрозен што се објавени приватни разговори и дека веќе се побарани информации од странските држави за кои има сознанија дека оттаму Ел Чека ги објавува снимките.

Би можело да ве интересира

Одложено рочиштето за Ел Чека, одбраната бара изземање на судијката Кижевска

Ана Ололовска

Шекеринска очекува да одговараат сите кои учествувале во изборни кражби и нерегуларности

Ана Ололовска

Заев: Се покажува разликата со нашите политички опоненти

Ана Ололовска

Алими и Џафери разговараат како да вработат ќерка на претседател на суд

Васко Маглешов

Нова бомба на Ел Чека: Братот на Али Ахмети и Муса Џафери разговараат за тендер

Васко Маглешов

Ел Чека бара поддршка од Села и Касами за протестот во Скопје

Галена Николовска-Ризвановиќ