Ел Чека бара поддршка од Села и Касами за протестот во Скопје

Од:

Објавувачот на прислушуваните разговори познат во јавноста како Ел Чека ги повика лидерите на двете опозициски партии – Алијансата за Албанците и Беса, да се приклучат на протестот во Скопје, кој како што вели тој е закажан за 26 јули пред Владата. Ел Чека во повеќе статуси на „Фејсбук“ бара Зијадин Села и Билал Касами да излезат заедно со народот, бидејќи дошло време како што вели народот да ги искористи партиите, и тие според него како опозиција требало „глава до глава“ со граѓаните да бидат на улица. „Орелот има две глави но едно тело ,тоа е пример за вас и за сите оние кои се чувствуваат како Албанци“ пишува Ел Чека.

dobivaj vesti na viber

Села и Касами не кажуваат конкретно дали ќе одговорат на повикот на Ел Чека. Лидерот на Алијансата за Албанците , вели дека тие се посебна партија со своја програма, а од Беса велат дека ќе донесат одлука во партиските органи.

Би можело да ве интересира

Одложено рочиштето за Ел Чека, одбраната бара изземање на судијката Кижевска

Ана Ололовска

Шекеринска очекува да одговараат сите кои учествувале во изборни кражби и нерегуларности

Ана Ололовска

Заев: Се покажува разликата со нашите политички опоненти

Ана Ололовска

Алими и Џафери разговараат како да вработат ќерка на претседател на суд

Васко Маглешов

Ел Чека му возврати на Заев: Ти пропадна планот за рекетирање

А1он

Нова бомба на Ел Чека: Братот на Али Ахмети и Муса Џафери разговараат за тендер

Васко Маглешов