Нов скандал, Виолета Дума не сака пензија туку апанажа од 1.000 евра

Од:

Чичаковски, Бонева, Дума, Милев и Јакупи, поранешни членови на Државната изборна комисија поднеле барање за апанажа до Собранието на Република Македонија.

Тие бараат, една година да примаат надоместок во висина на нивната плата како членови на ДИК, а тоа е повеќе од 1.000 евра.

Спорно е барањето на Виолета Дума, кој оваа година полни 67 години и одамна ги исполнила законските услови за заминување во пензија. Законот за плати и други надоместоци на пратениците и други избрани лица е дециден. Во член 19 став три, јасно е пропишано: Пратеник, функционер и раководен работник не може да го стекне правото апанажа, ако ги исполнил условите за стекнување право на старосна пензија, согласно со закон.

А Законот за пензиско и инвалидско осигурување член 18 вели, за жените тоа се 62 а за мажите 64 навршени години. Друго е предвиденото право за продолжување на работниот оснос со изјава секоја година до 67 години. Таа изјава се дава за продолжување на работниот однос и е адресирана до работодавачот.

Виолета Дума одамна ги исполнила условите за пензија, а доколку при поднесувањето на барањето за апанажа мислела на можноста до 67 години, тоа според законот и експертите не е можно.

Вчера ја побаравме Виолета Дума на телефон, но се јави нејзината фризерка, каде Дума го заборавила телефонот.
Возраста на Дума беше спорна и во декември 2015 година кога непосредно по изборот, Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата бараше разрешува на Виолета Дума од член на Државната изборна комисија бидејќи ги исполнувала условите за заминување во пензија.

Остана нејасно зошто воопшто Дума беше избрана за член на ДИК кога и при изборот што се случил пред помалку од две недели таа веќе ги исполнувала условите за во пензија и зошто ВМРО-ДПМНЕ ја гласал, а веднаш потоа поднесе предлог-одлука за нејзино разрешување.

Дали тоа се случи за да се нашправи премолчан договор и да помине изборот на нејзината колешка Силвана Бонева, за која и тогаш се укажуваше дека не го исполнува условот да биде член на ДИК, бидејќи е пропишано да е дипломиран правник со најмалку пет години работно искуство.

За апанажата на Дума ќе одлучува Комисијата за прашања на изборите и именувањата и прашање е дали и досега на лица кои исполнувале услови за старосна пензија, Комисијата им одобрувала апанажа?

Би можело да ве интересира

Упатство за гласање на претседателските избори

Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Горан Наумовски

Изнемоштените и болните до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

ДИК утврди, но и отфрли неколку листи за избор на пратеници во Собранието

ДИК ги потврди листите со кандидати за пратеници

Горан Наумовски