Поскапеа зданијата од „Скопје 2014“, одлив на нови половина милион евра
Новата зграда на Агенцијата за електронски комуникации од проектот „Скопје 2014“ поскапе за 360.000 евра, објави телевизија „Алфа“.
„Таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган“, одговориле од Бирото за јавни набавки, за телевизијата.
Изградбата на новата зграда на Агенцијата, почна во март 2011 година и договорената сума за изградбата на објектот со „Гранит“, по принцип „клуч на рака“ изнесуваше 8.450.000 евра.