Нов арач и нови имиња на улици во Битола

Од:

Нов арач за битолчани, ова со надгласување и без опозицијата го одлучи синоќа на маратонска седница, Советот на општината.

Советниците од владиното мнозинство решија да се воведе зонско паркирање на голем дел од територијата на општина Битола. Ова се дава на приватен партнер за период од десет години, без никаква обврска за инвестиции.

Советниците на СДСМ, ЛДП и ВМРО-НП не гласаа за оваа одлука, бидејќи велат, ова е штетна одлука и значи воведување на нов арач за граѓаните. Од оваа зделка велат, дебело ќе се наполнат џебовите само на три-четворица луѓе околу градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.

И повторно на мускули, за опозицијата недозволиво, Советот донел одлука за барање согласност од владата за 60 нови имиња на улици, без да се каже кои имиња ќе се менуваат.

Опозицијата жестоко реагираше бидејќи на 5 минути пред почетокот на седницата доставен е материјал за промена на Деталниот урбанистички план за централното градско подрачје и изградба на катна гаража, за која околните станари неколку пати протестираа и остро се спротивставија уште во почетната фаза. Мнозинството, 16 од ВМРО-ДПМНЕ, од вкупно 31 го изгласаа и овој план.

 

 

Би можело да ве интересира

Промоција на нови 79 двокатни автобуси

Ана Ололовска

Без греење само потрошувачите од населбата Тафталиџе 2

Ана Ололовска

Ноќни линии на ЈСП на новогодишната ноќ според петочен распоред

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Сочниот“ речник на Коце Трајановски

Ана Ололовска

Утре времен сообраќаен режим на улицата „Даме Груев“

Ана Ололовска

ФОТО: Јани Макрадули и Љупчо Васовски во посета на семејства во Драчево

Ана Ололовска