Нивоата на реките во Македонија се пониски од просекот за мај, покажува неделната хидролошка состојба.
Според УХМР, исклучок е Пчиња која два дена, во средата и четвртокот, бележи минимално зголемување.
Двојно намален е водостојот на Вардар кај Скопје, Велес и Јегуновце, како и на Црна Река кај Новаци.