Ниту маски, ниту дистанца на завршниот митинг на Алијансата за Албанците

Од:

На вечерашниот завршен митинг на Алијансата за Албанците и Алтернатива пред Владата насобрани се огромен број поддржувачи, но од фотографиите што ни ги испратија присутните може да се види дека многу мал број од партиските активисти и поддржувачи носат маски за заштита од коронавирусот.

Исто така, забележливо е дека не се држи потребната дистанца од 1,5 до 2 метри, како превенција од Ковид-19.

На митингот во Скопје се веат единствено албански знамиња.

На овие избори, со слоганот “Сега е време“ Алијансата за Албанците и Алтернатива го бараат гласот на граѓаните ветувајќи промени.

„Албанците ќе гласаат за промена, Албанците ќе гласаат за враќање на надежта, ќе гласаат за враќање на нивната гордост. Драги гостиварци гледам дека сите вие сте активисти и гласници на промените, вие сте тие што ќе го вратите достоинството и слободата“, рече Зијадин Села, лидерот на Алијансата.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски