Медијаторот на Обединетите Нации за спорот за името, Метју Нимиц по пристигнувањето во Скопје изрази надеж дека ќе има добри средби со македонскиот политички врв, како што имал и во Атина.
Во текот на утрешниот ден, медијаторот Нимиц ќе оствари средби со претседателот Иванов, премиерот Заев, министерот за надворешни работи Димитров, како и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и ДУИ, Ахмети.