Ахмети до Нимиц: Дојде денот да ти кажам – бидна!

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на својот фејсбук-профил објави подолго обраќање до медијаторот на ОН за спорот со името, Метју Нимиц, во кое пријателски му се обраќа, нарекувајќи го Мет.

„Во 2012 година, еден мој голем американски пријател ми сугерира да отпатувам во САД, веднаш по пропаѓањето на тогашните напори за решавање на спорот со името со Грција“, ја почнува пораката Ахмети.

„На почетокот на мај 2013 година, стигнав во Вашингтон каде имав серија на официјални средби, но и средби со истакнати американски дејци по однос на прашањата за Југоисточна Европа. Потоа отпатував за Њу Јорк, на средби со британската, американската и француската мисија при ОН, за да ја завршам мојата посета на САД со средбата што ја имав со тебе, драг Мет“, пишува лидерот на ДУИ.

Понатаму во објавата на „Фејсбук“ тој се сеќава како го охрабрил Нимиц да продолжи со напорите кон решение.

Diku në vitin 2012, një mik i imi i madh amerikan më kishte sygjeruar që të udhëtoj drejt Shteteve të Bashkuara të…

Posted by Ali Ahmeti on Недела, 27 јануари 2019

„Тој ден ти реков дека ќе влезеш во историјата, дека ќе се паметиш како човекот кој што изгаси едно големо кризно жариште, овозможи мир, сигурност, стабилност и иднина за мојата земја“.

Потоа, Ахмети се навраќа на денешната перспектива, по потпишувањето на Преспанскиот договор.

„Еве каде сме денес, победници. Можеби истрошени, но победници. Посветени низ годините и невремето, но драг мој пријателе, се заврши и оваа работа. Ние сме се среќавале често и двајцата никогаш не го изгубивме нашиот фокус за да го тргнеме овој тежок камен од нашите плеќи, ова силно стегнато јаже околу нашите вратови што не држеше во заложништво скоро три децении“, стои во писменото обраќање на претседателот на ДУИ.

Ахмети додава дека заеднички го постигнале успехот кон целта за да ја интергрираат земјата во НАТО и во Европската Унија.

„Но, пред нас останува предизвикувачки пат на кој што ние остануваме целосно посветени преку заедничко делување одлучно да ја браниме слободата и заедничките вредности за човечките слободи и права, демократијата, солидарноста и владеењето на правото“, се истакнува во обраќањето до Нимиц во кое Ахмети му се заблагодарува, за како што вели, целосната поддршка низ сите овие години кон конечното завршување на спорот меѓу двата соседа.

Би можело да ве интересира

Ковачевски и Ахмети до крајот на неделава ќе се договорат, дали одат во коалиција или самостојно на избори

Џафери: Ахмети може да ја има која функција сака, но не е заинтересиран за претседател

Анита Петровска Рајковиќ

Налепници „NMK“ на таблиците задолжително од 12 февруари, ќе се продаваат на станиците за технички преглед

Грција ќе инсистира на почитување на роковите за пасошите и регистерските таблички

Катерина Ѓуровски

Заев, Ковачевски и Ахмети на иста маса-СДСМ го зајакнува Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Ахмети: Денеска е важен ден, денот на Скендербег, денот на генералот над генералите на ослободителното движење на Албанците