Нимиц: Историскиот договор отвора врата за нови односи меѓу двата соседа

Од:

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за спорот за имнето меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, објави соопштение по вчерашното усвојување уставни измени од Парламентот во Скопје во кое ги поздравува потезите за имплементација на Договорот од Преспа.

– Би сакал да им честитам на Парламентот и на граѓаните на земјата за ова остварување и за демократскиот начин, на кој овој важен процес беше преземен. Овој историски договор помеѓу два соседа ја отвора вратата за нови односи меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во Договорот. Како и во минатото, Обединетите нации остануваат посветени на соработката со двете страни за конечно решавање на разликата меѓу нив, с евели во пораката на Нимиц.

Би можело да ве интересира

Бугарија: Социјалистите нема да учествуваат во разговорите со владејачкиот ГЕРБ околу новиот Устав

А1он

Албанскиот претседател Мета: Уставните измени се нелегитимни и неприфатливи

А1он

Нимиц: Преспанскиот договор е решение за спорот, но и основа за нов почеток

А1он

Каракамишева бара да се поништи Договорот од Преспа и сите акти потпишани од Талат Џафери

А1он

Грчкиот Парламент во првото гласање даде зелено светло за дел од уставните измени

Заев: Ако има можности ќе ги декласифицираме документите од преговорите за името

Наум Локоски