Нимиц: Преговорите се за името на државата, решението не треба да влијае врз идентитетот

Од:

Медијатрот на ОН во спорот за името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц смета дека прашањето за идентитетот е важна тема за Македонија, а преговорите се водат за името на државата.

Тој ова го изјави во интервју за Euronews на грчки јазик. Нимиц потенцираше дека прашањата за кои што се преговара се поврзани со името на државата, а решавањето на тоа прашање не треба да влијае врз идентитетот на граѓаните. Медијаторот истакна дека верува во решение од кое ќе бидат задоволни и двете земји.

Нимиц кажа дека на двете земји им дал пет предлози, но не исклучува можност за другите страни да достават свои идеи. Во врска со шпекулациите за ГорнаМакедонија и НоваМакедонија тој истакна дека ги прочитал тие предлози во медумите и објасни дека разговорите во моментов се водат за прашањето за одредницата.

Тој смета дека сега е време за решение и дека за 2 години ситуацијата во двете земји може да биде различна. Сепак, Нимиц не одреди конечен краен рок за решение и истакна дека ниту една страна не може да достави ултиматум.

Во врска со одржувањето на референдум за прифаќање на решението од македонска страна, Нимиц истакна дека тоа е внатрешно прашање и дека не е работа на медијаторот да им кажува на државите како да функционираат Уставот и парламентот.

Би можело да ве интересира

Нимиц: Преспанскиот договор е решение за спорот, но и основа за нов почеток

А1он

Ахмети до Нимиц: Дојде денот да ти кажам – бидна!

Наум Локоски

Нимиц: Овој договор меѓу двете соседни земји означува почеток на нова ера за консолидација на мирот и безбедноста на Балканот

Наум Локоски

Какламанис: Неприфатливи изјавите на Нимиц

Ана Ололовска

Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор

Ана Ололовска

Нимиц: Историскиот договор отвора врата за нови односи меѓу двата соседа

Наум Локоски