Нимиц: Оптимист сум, но престојат уште тешки прашања за решавање

Од:

„Целодневниот состанок беше продуктивен, што ме прави оптимист за иднината. Паралелно со нашиот состанок, дипломати и експерти од двете земји работеа на дел од контроверзните аспекти на договорот, особено фокусирани на идниот однос меѓу двете држави, кадешто исто така е забележан напредок. Серијата состаноци ќе продолжи и во иднина, трасиравме пат за работа и можам да кажам дека – без да откривам детали – адресиравме тешки прашања“, изјави медијаторот Метју Нимиц, по целодневната средба во Виена со министрите за надворешни работи на Република Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

dobivaj vesti na viber

Според Нимиц, претстојат уште тешки прашања за решавање. „Но, според мое мислење, како ангажиран во процесот подолго време, постои позитивно чувство. Двајцата министри беа фокусирани врз долгорочните односи, стабилноста на регионот, важноста за добри билатерални односи, и сите се надеваме дека можеме да продолжиме да работиме на позитивен начин“, рече Нимиц.

Тој изрази благодарност до австриското МНР за нивното гостопримство, на еден од серијата состаноци што треба да помогнат да се разреши прашањето за името.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров рече дека разговарале за сите отворени прашања, за целиот пакет. „Можам да кажам дека направивме условен прогрес, условен напредок, бидејќи како одиме напред така доаѓаме и до тешките прашања и мислам дека и од нашата страна и од нивната страна имаме доста за размислување и за мерење. Работевме по логиката што е тоа што е најважно за Република Грција, што е тоа што е најважно за Република Македонија и дали можеме во компромисот кон којшто се движиме да ги покриеме двете работи. Меѓутоа, не зачудува што колку поотворено, поконкретно чекориме кон решение, така и тешкотиите излегуваат се’ повеќе на виделина“, рече Димитров.

Би можело да ве интересира

Нимиц: Преспанскиот договор е решение за спорот, но и основа за нов почеток

А1он

Ахмети до Нимиц: Дојде денот да ти кажам – бидна!

Наум Локоски

Нимиц: Овој договор меѓу двете соседни земји означува почеток на нова ера за консолидација на мирот и безбедноста на Балканот

Наум Локоски

Какламанис: Неприфатливи изјавите на Нимиц

Ана Ололовска

Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор

Ана Ололовска

Нимиц: Историскиот договор отвора врата за нови односи меѓу двата соседа

Наум Локоски