Николовски се сретна со американската амбасадорка: Актите на Бајден се порака за бескомпромисна борба против корупцијата

Од:

Заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз. На средбата, фокусот беше ставен на Извршната наредба издадена од Претседателот Бајден, со која им се дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на дестабилизација и против клучните договори во регионот на Западниот Балкан, вклучително и Северна Македонија.

Вицепремиерот Николовски изрази задоволство што во Извршната наредба е ставен фокус и на борбата против корупцијата, што е еден од врвните приоритети на Република Северна Македонија. Во тој контекст, вицепремиерот Николовски ја информираше амбасадорката Брнз за мерките и активностите што Владата на РСМ ги презема за спречување на корупцијата, како и за реализацијата на владиниот План за борба против корупција.

Амбасадорката Брнз ја потенцираше важноста од преземање мерки за борба против корупцијата, што е во интерес на сите граѓани на Северна Македонија, но истовремено е важно за евроинтеграцискиот напредок на државата. Исто така, амбасадорката Брнз, ја потврди поддршката на САД за Северна Македонија и нејзните граѓани на евроатланскиот пат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Горан Наумовски

Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ