Николовски најави решавање на проблемите на инспекциските служби

Од:

Сериозен е проблемот со просторните услови за инспекциските служби, кадровскиот потенцијал, кои опстојуваат со години, истакна денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресусри, Љупчо Николовски. Направени се сите анализи за состојбите и вети дека во наредниот четиригодишен мандат голем дел од проблемите на инспекциските служби и ќе бидат решени.

-Кабинетот за заменик на Претседателот на Владата ја направи информацијата на база на сите податоци, којашто веќе е во владина постапка и со заклучоците, коишто ќе ги донесе Валадата, навистина ќе стави акцент дека во 2021 година даваме силна поддршка на јакнење на капацитетите на инспекциските служби. Тоа не значи дека преку ноќ може да се стане инспектор. Заради тоа што треба соодветна постапка, процедура, меѓутоа и во тој дел и во делот на она што го потенцираме е интероперабилноста и поврзаноста, и покрај тоа што сум информиран дека имало неколку проекти со помош на ИПА, европсите фонодови и слично, ние ќе ги вложиме сите максимални напори и капацитети и целокупното знаење и можност за што побрзо инспекциските служби бидат поврзани меѓу себе, да работат координирано, вели Николовски.

Забележа дека на тој начин ќе биде истовремено заштитетен и бизнис секторот и стопанството и како што вели да нема и нарачани инспекции во времето на режимот.

-Кога ќе оди некоја инспекција во некоја компанија да знае, кога и дали други инспекции се најавени, дали и какво е портфолиото, односно поведението на самата компанија и да биде тоа многу покоординирано, па дури и да биде дигитализирано, вели Николовски.

Државниот инспекторат за труд има 114 инспектори во 30 подрачни одделенија и не се доволни, но и со овој капацитет се успева да се постигнат над 2.000 надзори на месечно ниво, оцени директорката, Јована Тренчевска.

-Во предлог буџетот за 2021 година, кој е во Собрание се предвидени дополнителни финансиски средства за нови вработувања, за зајакнување на капацитетот на Државниот инспекторат за труд за 2021 година, рече Тренчевска.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски