Николовски: Институциите почнаа со проверки околу случајот со европските пари

Од:

„Околу случајот за доделувањето финансиски средства од Европската Унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ја информирам јавноста дека надлежните институции започнаа со проверка, секоја во рамки на својата надлежност,“ напиша попладнево на Фејсбук вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски околу случајот што го отвори „А1он“.

„Како вицепремиер за борба против корупцијата и криминалот, во постојана комуникација сум со институциите, а случајот целосно ќе се истражи и расчисти.

Истрагите не ја исклучуваат и политичката одговорност ако за тоа има основа. Како член на Владата одговорен за спроведување на етичкиот кодекс, активно го следам развојот на настаните и ќе ја известам јавноста за секоја понатамошна релевантна информација,“ напиша вицепремиерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Горан Наумовски

Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ

(ВИДЕО) Николовски: Со реализирани 63,1 милиони евра за над 2.100 реализирани инвестиции успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата

Горан Наумовски