Николоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уцени, Груби и Ахмети сакаат вечно да владеат

Од:

„Титуларно највисоката функција во државата, тоа е претседател на државата, кај нас знаете дека извршната моќ е кај владата и премиерот, но титуларно претседателот е функција број еден во државата и мора да се бира на избори затоа што тоа е врв на демократијата, така прават најдемократските држави во светот. Секој обид за суспендирање на демократијата е само обид за ставање на народот надвор од процесот на одлучување“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Николоски додаде дека идејата која ја промовираат Али Ахмети и Артан Груби е идеја со која вечно сакаат да владеат.

„Јас сум свесен дека Али Ахмети и Артан Груби кои денес ја промовираа оваа идеја би сакале вечно да владеат на начин што ќе имаат сериозно партиско влијание врз изборот на владата и претседателот на државата и тоа е недемократски чин и тоа е обид за заштита на криминалот и корупцијата во Македонија“, вели Николоски.

Потпретседателот Николоски упати повик до граѓаните масовно да излезат на избори и во што поголем број да гласаат.

„Во исто време ги повикувам граѓаните масовно да излезат на избори и да гласаат во што поголем број како би ги спречиле Али Ахмети и Артан Груби да наметнуваат уцени во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ уцени не прифаќа, тој филм нема да го гледаат, а нов претседател на Македонија ќе биде Гордана Силјановска Давкова“, дециден е Николоски.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски

По 24 години, Ахмети првпат го постави државното знаме во својата канцеларија

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО