Николиќ: Одбележувањето на Кумановската битка е порака за мир во регионот

Од:

Одбележувањето на 100 години од Кумановската битка претставува порака за мир, соработка и разбирање што Македонија и Србија ја испраќаат до регионот и светот.

Ова  го порача српскиот претседател Томислав Николиќ на брдото Зебњак кај Куманово, на централната манифестација по повод одбележувањето на 100 години од Кумановската битка.

„Прославата во пријателска Македонија е израз на почитување и сеќавање на една од најзачајните победи, со што започна цивилизацискиот пресврт во историјата на Балканот, Европа и на светот“, истакна Николиќ.

Оценувајќи дека денес проблемите не се решаваат со оружје, туку со мудрост, Николиќ рече дека на Србија и претстојат поинакви битки со значителна историска тежина.

На централната манифестација кај Куманово се собраа неколку илјади лица, а присуствуваат и српскиот премиер Ивица Дачиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додиг и македонската министерка за култура, Елизабета Канчевска Милевска.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ