Никогаш Северна, освен кога се патува за Америка

Од:

Пратеникот Владимир Ѓорчев во својство на шеф на делегацијата на Параламентарното Собрание на ОБСЕ од собранискиот спикер преку писмо во кое во неколку наврати е напишаното променетото име на институција, односно Собрание на Северна Македонија, бара трошоци за патување на тројца пратеници во Вашингтон. Во документот кој е адресиран до Претседателот на Собранието на Северна Репулика Македонија пратеникот на крајот на писмото го ставил својот потпис. Ѓорчев заедно со другите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ изјавуваа дека нема да го употребуваат новото име на државата. Во писмото до кое дојде „А1он“се вели:

„Трошоците за авионски билети (пристигнување во Вашингтон на 2 февруари и заминување од таму на 5 февруари), хотелско сместување, ВИП салон за пратениците, превоз од Собрание до аеродром , осигурување, роаминг и дневници , според Одлуката за службени патувања во странство во висина од 50%, да бидат на сметка на Собранието на Северна Република Макеоднија“, пишува во офијалното писмо.

Пратеникот Ѓорчев за „А1он“ изјави дека ова писмо е дел од формалната процедура која ја подготвиле собраниските служби и дека за него и понатаму употребата на новото името е неприфатлива.

„Се работи за официјален документ изработен од собраниски служби, а во секојдевна комуникација го користам името Македонија. Се работи за провидна хајка на СДСМ и по оваа нивна логика дали сите кои велат Македонија треба да се иселат од државава. Прашувам и дали ракометарите како Кире Лазаров и Борко Ристовски, треба да престанат да настапуваат за државата“, изјави Ѓорчев за А1он.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Ѓорчев се многу гласни од собраниската говорница и од партиските прес-конфернеции против примена на името. Постојано ја напаѓаат власта дека го изиграла својот народ и дека името го сменила без одобрение на граѓаните.

„Да ве прашам кога ќе станете Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија? Дали тоа едногласно ќе го изгласате, со аплаузи? Ако е толку добро името, почнете да го користите во секое обраќање, кажете го. Ќе го менувате Уставот око не ви трепнува. Кога ќе почнете да ги менувате таблите во училиштата, со штрафцигери или чекани ќе ги менувате? Униформите на армијата со ножици ли ќе ги сечете? Како ќе гласи името на вашиот град. Ќе смееме ли да бидеме Македонски Брод или Македонска Каменица“, изјави пратеникот Ѓорчев од собраниска седница на една од седцните.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во своите јавни обраќања не го употребуваат новото име на државата, но го користат, односно секаде прифаќаат да бидат претставени како Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: ДПМНЕ ја брише Република Македонија од законите додека Грција го укина Центарот за македонски јазик

СДСМ: И на Влатко Ѓорчев му измислија функција, нема пари за работниците има само за функционерите на ДПМНЕ

Кехаја: Договорот од Преспа предвидува дека името на државата е неотповикливо

Собранието гласаше возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ да важат до крајот на годината

Предраг Петровиќ

Грчкото МНР ги известува земјите низ светот дека непроменетите македонски пасоши стануваат неважечки

А1он

(ВИДЕО) Ѓорчев: Заради оваа катастрофална власт, Македонија исчезнува, стануваме држава без народ