НИКОБ: Обврската на вработените е да обезбедуваат, а не да напаѓаат новинари

Од:

„Националната агенција за обезбедување НИКОБ и годинава традиционално ја обезбедуваше манифестацијата на положување на Светиот Крст во водите на Вардар. За чествувањето на еден од најголемите христијански празници Богојавление-Водици, нашата агенција се погрижи со 30 обезбедувачи, за манифестацијата да мине во најдобар ред.

Но, одреден медиум јавува дека на чествувањето на христијанскиот празник дошло до немил инцидент и напад на новинар кој известувал за настанот. За жал, медиумот искажа јавно незадоволство и упати обвиненија за непрофесионално однесување на вработени во агенцијата.

НИКОБ обезбедување,како и минатите години хуманитарно се погрижи за безбедноста а за време на одржување на манифестацијата се придржуваше на утврдениот протокол од страна на организаторот. За успешно завршеното обезбедување на манифестацијата од страна на организаторот ни беше искажана благодарност и честитки.

За настанот НИКОБ обезбедување потенцира дека обезбедувачите строго се придржуваа кон задачите, одредениот план за движење и дека обврската на вработените е да обезбедуваат а не да напаѓаат новинари поради што искрено жалиме што медиумот и новинарот сакаат да му дадат таква конотација на нашиот труд“, се вели во соопштението на НИКОБ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата