„Лајка“: Ги викаме активистите на средби, ама тие не доаѓаат

Од:

Од градското јавно претпријатие „Лајка“ велат дека не се одржала за денеска планираната средба на раководството на претпријатието и претставници на здруженијата за заштита на животните. Според „Лајка“, ова е чеврта покана за средба, која не ја прифаќаат активистите, за кои, пак, е неприфатливо стационарот да им наплаќа големи суми пари на сопствениците на изгубени кучиња кои ќе ги заловат во „Лајка“.

„И покрај сите напори да се оствари средба со здруженијата за заштита на животните, во интерес на транспарентноста, би сакале да ја информираме јавноста дека на состанокот не се појави ниту еден претставник. Ова е четврта официјална покана со цел да оствариме заедничка соработка во насока на подобрување на благосостојбата на бездомните кучиња на територијата на град Скопје, точно и навремено информирање и надминување на сите недоразбирања“, велат од јавното претпријатие.

„Воедно би сакале да им се заблагодариме на сите поединци и волонтери кои активно се вклучени во процесот на вдомување, нега, активно лоцирање на проблемите на терен и подобрување на благосостојбата на кучињата во прифатилиштето на ЈП Лајка. Заедно, можеме многу повеќе?“, пишуваат од градското јавно претпријатие на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“