Намерно или случајно на вчерашната собраниска седница, на која вниманието беше свртено кон Законот и изборот на Специјалниот обвинител, помина, незабележано значајна точка-оставка на министер.
Информатичарот во Владата Иво Ивановски, од владините почнува да „плива“ во бизнис води.
Собранието вчера ја констатираше неговата оставка. Тој, најави дека заминува на работа во странство.
Иво Ивановски беше министер за информатичко општество од 2008-ма година кога за првпат овој ресор беше формиран како дел од кабинетот на премиерот. Неколку години подоцна на овој ресор му беше додаден и ресорот администрација.