Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Од:

– Силното невреме проследено со поројни дождови, грмежи, силен ветер и град предизвика повеќе пожари, материјална штета и прекини во снабдувањето со електрична енергија во Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

Кумановските пожарникари вчера интервенирале во селата Челопек и Руѓинце, каде гаснеле опожарена куќа и пожар на житни површини. Дополнително, тие отстраниле паднато дрво врз возило на булеварот Октомвриска револуција, а интервенирале и на пожар на улицата Индустриска.

Голема интервенција имала и Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане, која од 13:37 часот со три противпожарни возила и 12 пожарникари гаснела пожар на сува трева и нискостеблеста шума во атарот на селата Степанце и Добрача. Во акцијата се вклучиле и екипа од Шумското стопанство Куманово со четворица вработени, припадници на полицијата, пожарникари од Ранковце, како и два авиона за гаснење. Пожарот бил ставен под контрола по дождот.

Во Старо Нагоричане, поради спојување на електрични жици предизвикано од силниот ветер, избувнале пожари и во селата Канарево, Пузајка, Руѓинце, Жегљане и Челопек.

Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово информираат дека околу 17:30 часот подрачјето било погодено од силно невреме, по што на бројот 112 биле примени повеќе пријави од граѓани за прекини на електричната енергија, паднати дрвја и бандери, искрење и скинати електрични жици, како и за паднат лимен покрив од зграда на улицата Лесковачка.

Невремето проследено со ветер и дожд ја зафатило и Општина Липково, каде исто така биле регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово