Несуден бомбаш од Кисела Вода сакал да фрла „кашикара“, ама му ја одзеле

Од:

55-годишен жител на скопската населба Кисела Вода вчеравечер околу полноќ се појавил во двор од куќа носејќи бомба „кашикара“, но не успеал да ја активира, откако му била одземена од двајца сограѓани кои седеле во дворот, соопшти полицијата.

„На 14.05.2021 околу 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(55) од Скопје, затоа што околу 00.00 часот влегол во двор од куќа на ул.„Петар Драпшин“, каде што седеле Г.А.(33) и Б.Д.(30), двајцата од Скопје, и извадил бомба кашикара, која успеале да му ја одземат“, се вели во полициското соопштение.

С.Т. бил приведен во Полициска станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега