Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

Од:

Полицијата го пронајде возачот кој на 16 март со своето возило удри во 11-годишна малолетничка на ул. „Васил Ѓоргов“ во Скопје и потоа го напушти местото на несреќата. Станува збор за С.Б. од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека по несреќата, во 16:10 часот, од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во болница е донесено девојче со тешки телесни повреди. Според првичните информации, несреќата се случила околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улицата „Васил Ѓоргов“, сервисната улица и ул. „Народен Фронт“, кога патничко возило ја удрило малолетничката и побегнало.

Полицијата презела мерки за пронаоѓање на возачот, по што С.Б. бил лоциран и идентификуван.

Против него СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и по член 301 за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок