Нестабилно време со пороен дожд во неколку региони во земјава

Од:

Во Штип за девет часа наврнале 19 литри дожд на квадратен метар, пет во Скопје – на мерната станица Зајчев Рид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи за мерењата на наврнат воден талог до 17 часот.

Нестабилна облачност која наместа беше проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер почна да се развива околу пладне и попладне. Како што соопшти попладнево УХМР, процесите биле поинтензивни во атарот на Светиниколско и во регионите на Кичево, Велес, Маврово и Скопје.

Дневните температури се над 30-тиот степен: 30 во Берово и Крива Паланка; 31 во Охрид, Тетово и Претор; 32 во Виница, 33 степени во Битола, Прилеп и Скопје (Петровец); 34 во Демир Капија и Струмица и 35 степени измерени во Скопје (Зајачев Рид) и во Штип.

До крајот на денов претежно во планинските региони ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено повеќе во североисточните делови на земјава.

За утре УХМР прогнозира променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во Скопје утре попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, како и засилување на ветерот.

-Во понеделник ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер. Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени, соопшти УХМР.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски