Комисијата која што беше формирана од градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, за да изврши ревизија на „Скопје 2014“, во понеделник ќе излезе со првичните сознанија за тоа колку и како се трошеле парите за овој проект.
Дознаваме дека Комисијата дошла до сознанија за неправилности во постапувањето.
Членови на комисијата се поранешните претседатели на Антикорупциска, Слаѓана Тасева и Драган Малиновски.
Тие добија 3-месечен рок да излезат со првичниот извештај, а за шест месеци треба да подготват конечен извештај за извршената ревизија за проектот „Скопје 2014“.