Непознати лица влегле во економското училиште „Арсени Јовков“ и почнале да прскаат со солзавец, пренесе Сител.
Полицијата по обавениот разговор со Др. Даниел Петровски од Клиниката за Токсикологија при Ургентниот Центар – Скопје, констатирала дека во клиниката побарале лекарска помош 10 ученици и 1 професор од СУГС Арсени Јовков.
Истите се пожалиле на печење на очите, печење на грлото и иритирачка кашлица при што констатирани се телесни повреди од вдишување на непозната материја.
Од обавениот разговор со Др.Радмила Нешковска од градската болница 8-ми Септември утврдено е дека се доненсени 3 ученици од СУГС Арсени Јовков.
Тие се пожалиле на печење на очите, печење на грлото и иритирачка кашлица при што констатирани се исто така телесни повреди од вдишување на непозната материја.
Истите по обавениот разговор појасниле дека спрејот бил употребен од страна на 2 непознати лица кои го веднаш по настанот се упатиле во непознат правец.
Од МВР ги потврдуваат информациите и најавуваат целосно расветлување на случајот.