Од понеделник под влијание на изразено јужно воздушно струење ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 5 до 11 степени Целзиусови, а дневните од 14 до 22 степени Целзиусови.
Во Скопје и околината слично време со температура од 7 до 19 степени Целзиусови.
Пооблачно со обилни врнежи од дожд ќе биде во вторник и среда, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 50, а локално и над 60л/м2 воден талог. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер (над 70 км/ч.), кој во среда кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Во четврток на планините врнежите ќе преминат во снег.
