Нема споменик за загинатите македонски војници во туѓите војски во Првата светска војна

Од:

Нема споменик на загинатите македонски војници во туѓите војски во Првата светска војна. Тие се во состав на гробовите и гробнците коишто ги има во Македонија денес, изјави професорот Марјан Димитријевски, кој учествуваше на тркалезната маса по повод 100-годишнината од Првата светска војна што се одржа во ЕУ Инфо центарот.

– Мојата земја Македонија не ја посакуваше Првата светска војна. Фронтот кој беше отворен тука не беше наша желба. Фамилиите беа поделени. Мојот брат војуваше против мене во туѓа војска. Земјата беше поделена. Едни беа во српска војска, други беа во бугарска војска. Заедно рамо до рамо со Австријците и Унгарците, со Германците, со Турците. Од другата страна другиот брат заедно со Англичаните, со Французите, со Србите. Мораа да пукаат едни на други. Нема споменик на загинатите македонски војници во туѓите војски. Тие се во состав на гробовите и гробниците коишто ги има во Македонија денес, изјави Димитријевски, кој работи на Институтот за национална историја при УКИМ.

При обновување на некои од гробниците, како на пример од Република Бугарија во Ново Село, повторно се испишани имињата како што стојат во оригиналите. – Од каде е роден, од Кукуш, значи тој потекнува од тука, истакна Димитријевски.

За време на Првата светска војна на територијата на Македонија војувале 18.000 војници. Нема град во Македонија каде што има починат војник, а да нема споменик. Само во Скопје има неколку споменици, на пример германски воени споменици кои се урнати во земјотресот во 1963 година и се преселени на Градските гробишта. Зачувани се француските и делумно добро англиските заедно со српските кои се во дворот на црквата „Св. Архангел Михаил“ во Автокоманда.

– Едно Скопје може да ви ја раскаже историјата за Првата светска војна, а што е со Битола, што е со Прилеп, тие можат томови да напишат за оваа историја, вели Димитријевски.

Во Македонија дваесет земји имаат свои споменици од различни временски периоди – Балкански војни, Прва светска војна, Втор светска војна. Според него, во Македонија има загинати Унгарци и Австријци за кои се сметало дека ги нема тука мислејќи дека има две спротивставени страни. Ги покани учесниците во дебатата заедно со него да го посетат споменикот од Првата светска војна во Дебриште, Росоман, каде што се закопани војници од Германија, Австрија, Турција и Унгарија.

Унгарскиот амбасадор во Република Македонија Јозеф Бенце истакна дека во последните три години Амбасадата направила големи напори и заложби за ги најде сите споменици што се поврзани со Првата светска војна и со силите на Австро-унгарија во Македонија.

– Најдовме споменици коишто беа заборавени и исто така сакаме да ги реновираме гробиштата во Битола, во Прилеп, Дебриште. Поради таа причина Унгарија со големо задоволство ја поддржува оваа програма на Инфо-центарот во соработка со Амбасадата на Унгарија, изјави Бенце.

Унгарскиот амбасадор потсети дека во оваа војна, која почна со Балканските, загинаа 16 милиони луѓе.

На тркалезната маса учествуваа и австриската историчарка Хејдемарие Ухл и унгарскиот Ласло Цсоз.

Тркалезната маса се одржа во рамките на австриско-унгарскиот проект за заеднички дебати на историчари од двете земји по повод 100 годишнината од почетокот на Првата светска војна и 70 години од Унгарскиот холокауст.

Одбележувањето на 70-годишнината од холокаустот на Евреите во Унгарија ќе се одржи утре во Музејот на холокаустот во Скопје, а тркалезната маса по тој повод ќе ја отвори австрискиот амбасадор во Македонија Томас Михаел Баиер. Напладне ќе биде отворена изложба насловена „Примери на хуманизам“ на Унгаската еврејска културна асоцијација(МАЗСИКЕ).

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ