Нема притвор за Титаник, се бараат пасоши на обвинети во Тифани, Тортура, Тотал, Тревник

Од:

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, како што соопштуваат, по детална анализа на фактите и доказите приложени во предлозите, во законски утврдениот рок, донесе решенија со кои не одреди ниту еден притвор, но ќе одзема пасоши.

Предлогот на СЈО поврзан со предметот во јавноста познат како „Тифани“, за определување мерки за претпазливост против И.Т. заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело – Даночно затајување го уважи предлогот и определи мерки за претпазливост и тоа – Обврска секој работен понеделник во месецот да се јавува кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Предлогот на СЈО поврзан со предметот во јавноста познат како „Тревник“, за определување мерки за претпазливост против З.П. и С.П.заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а ст.1 од КЗ, го уважи предлогот и спрема двајцата обвинети определи мерки за претпазливост и тоа – Обврска на обвинетите секој работен понеделник во месецот да се јавуваат кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Предлогот на СЈО поврзан со предметот во јавноста познат како „Тотал“, за определување мерка притвор против Д.П.-Л. заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Даночно затајување се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му определи мерки за претпазливост и тоа –Обврска на обвинетиот секој работен понеделеник во месецот да се јавува кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје; Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница, и Забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Предлогот на СЈО поврзан со предметот „Титаник“, за определување мерка притвор против Е.А. заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.1 од КЗ, и И.Г. заради основано сомнение дека сториле кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.2 и ст.1 од КЗ, се одбива како неоснован.

Предлогот поврзан со предметот „Тортура“, заради основано сомнение дека е сторено кривично дело – Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување кон Љубе Бошкоски го уважи и на обвинетиот И.А., му определи мерки за претпазливост.

– Обврска обвинетиот секој работен петок во месецот да се јавува на надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје и Забрана обвинетиот да се приближува или воспоставува односно одржува врски со друго лице, наведено во решението. Додека на останатите наведени обвинети им определи мерка за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен петок во месецот да се јавува на надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Против овие решенија дозволено е право на жалба во рок од 3 дена од приемот на решението преку овој суд до Апеалциониот суд.

Во однос на предлозите од СЈО кои веќе се распоредени и се во работа пред Кривичните совети од одделението за Организиран криминал и корупција, по писмена изработка на одлуките и нивно доставување до странките, јавноста ќе биде дополнително информирана во текот на утрешниот ден.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он