Нема притвор за осомничените за „Поштенска банка“ – СЈО ќе се жали

Од:

По девет часа, рочиште за притвор, судијата на претходна постапка Седат Реџепаѓиќ одлучи да не им определи притвор на тројцата осомничени кои денеска беа приведени за новоотворениот предмет со кодно име „Поштенска банка“ на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Наместо тоа, на Коле Смилевски, директор на банката, судот му го зеде пасошот, а останатите двајца, бизнисменот Томе Главчев и ексградоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, мерки да се јавуваат во судот.

СЈО најави дека ќе се жали.

Осомничените во предметот „Поштенска банка“ се товарат за прибавување имотна корист од 5 милиони евра за кривични дела сторени од 2001-вата до 2010 година.

Со истрагата за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273, покрај тројцата наведени, опфатени се и Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Катица Јанева пред да биде уапсена одела во СЈО, салони за убавина и по вечери

Кристијан Ландов

Ѝ во телефонот на Јанева пронајдени сликите од неа и мебелот, „Ајфонот“ и се отклучувал со помош на САД

Кристијан Ландов

Османи: Црвени линии за компромис за законот за ЈО е продолжување на предметите од СЈО

Ана Ололовска

Надоместоците во СЈО под лупа на државните ревизори

Ана Ололовска

Дескоска: Жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за Законот за обвинителство

Ана Ололовска

Врховниот суд ќе расправа за првите пресуди на СЈО

Ана Ололовска