ВИДЕО: Нема одлука за постапка за разрешување на Катица Јанева

Од:

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, по речиси осум часа расправа на денешната седница за точката за постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека одлука не донеле и продолжуваат в четврток во 10 часот.

„Советот од 11 часот досега работеше на разгледување на списите од предметот. Се работи за обемен предмет за обемни списи, има многу прибавени докази, многу транскрипти…” рече Штерјев пред новинарите.

Сите списи требало да ги прочитаат и разгледаат членовите на Советот, рече претседателот на ова тело.

„Ние до овој момент дојдовме до состојба во која ги разгледавме, проучивме, сите списи и оценивме дека за денеска е доволно”, рече Штерјев. Тој појасни дека одлуката каква и да е, треба да биде добро образложена.

Поради разрешувањето на Јенава, поместена е точката за избор на заменик на Штерјев на позицијата претседател на Советот на јавните обвинители. Точката за негов наследник ќе биде најверојатно ставена на дневен ред на седницата в петок.

Три часа во Советот беше и шефицата на Обвинителството, Вилма Русковска која одговарала на прашања на членовите во врска со постапка за разрешување на Јанева, а им го предочила записникот на Камчев и некои од другите докази во истрагата за случајот “Рекет”.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја осомничи Јанева дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот Орце Камчев, да излезе од притвор и да добие времен пасош во предметот “Империја”.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Многу скоро ќе ја видиме Јанева како оди по емисии на владините медиуми, по поткасти и по порталите од кујните на ДПМНЕ

Јанева е на условен отпуст, го напушти казнено-поправниот дом „Идризово“

Горан Наумовски

Башким Селими e нов претседател на Советот на јавни обвинители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите за ангажирање образовни асистенти, децата со попреченост заслужуваат максимални услови!?

Горан Наумовски

Димитриеска: Со вчерашниот оглас на Судски совет не се почитуваат проекциите за 8-та генерации на Академијата за судии и јавни обвинители

Димитриеска: Советот на јавни обвинители го нема добиено произнесувањето на Љупчо Коцевски