Недостаток на обучени работници за изградба на објекти и енергетска ефикасност

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Препораките на ЕУ велат дека за енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија, во Македонија е потребно годишно да се реновираат 1,157 милиони метри квадратни станбен фонд од кои 838,000 метри приватен и 328,000 метри јавен.

За да се реализира ова, анализата на Стопанската комора заклучила дека е неопходно во градежниот сектор да има 9,800 до 14,000 нови работници, односно 1,500 до 1,800 годишно, или оспособени до постојните за воведување мерки на енергетска ефикасност.

„Во овој момент не постои толкав потенцијал. Македонија не може да излезе во пресрет на тие барања за обука на работници. Затоа се даваат препораки колку средства да се бараат од ЕУ со што ќе се овозможи тренинг во насока на исполнување на потребните стандарди“, вели Ристо Ивановски, соработник на проектот „Бил ап скилс МК“.

Потребни се пред се работници од областа на изградба на објектите, ѕидари, фасадери и инсталатери, како и од струки поврзани со инфраструктурата за енергија, поточно енергетичари и изолатори.

Првичните пресметки велат дека за обука по работник, зависно од нивото на квалификации, неопходни се 100 до 300 евра или 4,5 милиони евра за околу 1,500 лица. Иако во Македонија се уште не постои систем за сертификација, обуките може да се разлизираат.

Годинава е планирано и доделување на првите т.н. енергетски пасоши за објектите кои ќе ги издаваат енергетските контролори, чие работење ќе биде регулирано со правилници кои наскоро ќе се завршат.

„Примарни во делот на енергетските контролори ќе бидат јавните институции, а со следната фаза ќе ги опфати старите и сите приватни објекти. Пасошите нема да ја зголемат цената на становите, куќите, зградите, туку ќе бидат само новина која ќе значи потврда за квалитетот. Точно ќе се знае дали и какви еко материјали се вградени, А+, А++…“ рече Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика на РМ.

Според новата директива на ЕУ, од 1-ви јануари 2014-та година секоја држава, вклучувајќи ја и Македонја, ќе мора да спроведе најмалку три отсто енергетска ефикасност на годишно ниво, а од 2018-та треба да има имплементирано до 9 проценти.

Би можело да ве интересира

Во април издадени за една третина повеќе дозволи за градење од лани

Жарко Настоски

Во Македонија се изградиле 2.335 станови во пандемиската 2020 година

Жарко Настоски

Градежниот сектор стравува дека ќе има проблем со ликвидноста, се бараат превентивни мерки

А1он

ВИДЕО: Сто нови згради и 20.000 нови станари во Расадник, Кисела Вода

Мери Јордановска

Градежниците да не работат на отворено од 11 до 17 часот

Ана Ололовска

Симпозиум за конструкциите и природните катастрофи

Ана Ололовска