НЕ за плаќање на здравствено и пензиско осигурување за хонорари

Од:

Речиси 2.900 луѓе од вчера вечер до денеска напладне со поддршка на фејсбук страницата „НЕ за плаќање на здравствено и пензиско осигурување за хонорари“.

Оваа страница се појави на социјалната мрежа откако ПИОМ го објави правилникот за новото пресметување на плаќањата на хонорарите, според кој, освен функционерите, сите граѓани и вработените и хонорарците ќе плаќаат голем процент од своите приходи за пензиско и здравствено осигурување.

„Ваквите измени ќе доведат до тоа газдите да бараат повеќе начини за избегнување на плаќањето даноци. Една од првите опции што им е на располагање, секако е намалување на нето износот на хонорарот“, коментираат посетителите на оваа фејсбук страница.

Наплатата на придонеси од договори на дело и авторски договори не важи за примањата на професионалните спортисти, пратениците, советниците, јавните функционери, стипендистите, судиите, поротниците, вештаците, стечајните управници, волонтерите, пензионерите и за договорите за јавна работа коишто ги склучуваат општините, односно се’ што би било на товар на државниот буџет.

„Поголема дискриминација (и загрозување на оние кои како-така се снаоѓаат со некоја хонорарна работа), амин!“, гласи коментарот на оваа одредба.

„Се наметнува прашањето,дали со ова уште толку ќе се зголеми интересот за државно „сигурно“ вработување?“

„Мене повеќе ме интересира како ја направија селекцијата кој треба да плаќа а кој ќе биде заштитен. Дилема нема дека треба да се вработат сите што ги влечкаат како хонорарци или со некакви договори,ама дупло плаќање на здравствено и пензиско,без никакви бенефиции од истото ( а дека со ова имаме некакви )?!!?“, гласи друг коментар.

Друг коментар гласи: „Она што посебно загрижува е фактот што во новиот даночен рај најпогодени ќе бидат малкуте слободни медиуми и невладини организации кои не се под контрола на власта“.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

Илиеска: Владата со измените на законот за данок на добивка удира по малите претпријатија, го укинува ослободувањето за фирмите со промет до 3.000.000 денари, кои се најкревки

МФ: Усвоени измените на Законот за данок на личен доход за укинување на прогресивното оданочување и даночењето на каматите од заштедите

ССК: Не е време за нови даноци, да ги поддржиме клучните сектори

(ВИДЕО) Ковачевски: Со новата праведна даночна реформа нема нови даноци, нема зголемени даноци и се укинува прогресивното оданочување

Ана Ололовска

Димитриеска Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ е против даночната политика на СДСМ за високи даноци за народот, ние протежираме политика на ниски и рамни даноци

Ана Ололовска